„3.000 евра за ова?“: Се пожалила на храната во турски хотел и предизвика бурни реакции

од Vladimir Zorba
145 прегледи

ТИК-ТОКЕРКА која објавува под профилот @thisonetimeinturkey објави видео на кое се жали на храна во луксузен хотел со пет ѕвездички во Анталија, Турција.

„Храната едноставно не е на ниво. Ова треба да биде одморалиште со пет ѕвезди, но во ресторанот со шведска маса ја служат истата храна секој ден. За појадок нудат супа, сирења и шунки. Има матени јајца измешани со домати., мелено говедско месо, пиперки, навистина случајни работи“, се пожали таа.

@thisonetimeinturkey

Breakfast @crystalfamilyresortantalya ment to be 5star, please dont waste your money and if you have booked i strongly recommend you change

♬ original sound – thisonetimeinturkey

„Навистина не е добро, не сум пребирлива, но сум гурман. А кога ќе потрошите скоро 3.000 евра за одмор и ќе ви го сервираат секој ден, навистина е разочарувачки. Воопшто не сум среќна. Ова едноставно не е добро, навистина не е добро“, рече таа и се пожали што дел од понудената храна не е свежа.

„Едноставно не е она што би го очекувале за појадок, навистина не е толку одлично“, рече таа, покажувајќи две големи тенџериња со супа, што е традиционален турски појадок.

„Ова за појадок, луѓе, ова? Апсолутно не“, заклучи таа, предизвикувајќи бура од реакции.

Имено, во коментарите бројни тик-токери и напишале дека храната изгледа одлично, но и ја прозвале дека не ја познава турската кујна и обичаи.

„Зборуваш глупости, изгледа одлично, многу избор и различно од она што го имаш дома – токму она што би го очекувал кога ќе одам на одмор“, „Супата е вообичаен избор за турски појадок, како и пржени јајца со домат, мислам дека грешиш“ и „Се жалите дека тоа е истата храна секој ден, но имате милион опции“, се дел од коментарите.

Слични содржини