По топлото лето исполнето со пријатни спомени, време е да ја поканиме во домот и есента , поставувајќи тематска декорација. Паднатите лисја, суви гранчиња и тикви, сите тие можат да бидат претворени во нешто навистина убаво што ќе донесе повеќе топлина и комфорт во домот.
Започнуваме од свеќниците, затоа што сакаме да палиме миризливи свеќи во текот на целата година и особено во есен.
За оваа идеја ќе ви требаат квадратни свеќници, кои може да се купат од било која продавница за декорација на домот. Соберете малку есенски лисја и со помош на коноп заврзете ги за свеќниците. Завршете ги декорациите поставувајќи во свеќниците по една свеќа.
Во сезоната на мушмули и ореви нема како да не додадеме и од овие две суперхрани во својот дом, било да е тоа и како декорација. За таа цел ќе ви требаат 3-4 празни лушпи од ореви , добро измиени и исчистени и неколку мали свеќички.
Во сад одмрзнете ги свеќичките и зачувајте им ги фитилите. Ставете ги во школките и додека восокот е уште топол сипете го во секоја од нив. По околу еден час ќе имате нови свеќи. Ставете во сад неколку ореви и мушмули, а врз нив ставете ги свеќичките.
Златното и бронзата исто се бои кои ги поврзуваме со есента. Купете златен, сребрен, бронзен или спреј со брокати. Испрскајте неколку листови и оставете ги да се исушат.
Тогаш ќе се претворат во неверојатно убава декорација, која може да се стави на масата околу свеќниците пример, да направите како венци на долга конопна врвца или за повеќе комфорт да декорирате во кујната при купот со плодовите, а зошто не и да ги залепите на влезната врата .