3 компании, поврзани со Ковид тестови, заработија милијарди

од Stefanija Kuzmanovska

Вакцините и лековите привлекуваат големо внимание во „научната трка“ за борба против Ковид-19. Но, компаниите работеа подеднакво напорно на начини да ја задоволат огромната побарувачка за тестирање.

Тие инвестиции почнуваат да се исплаќаат. „Abbott Laboratories Inc.“ и „ThermoFisher Scientific Inc.“, двајцата главни играчи во производството на тестови за коронавирус, објавија резултати од третиот квартал пред неколку дена, надминувајќи ги проценките од Волстрит, во голема мера благодарение на тестовите.

Аналитичарите, исто така, го следеа „Roche Holding AG“, уште еден лидер во тестирањето на Ковид-19, чија заработка минатата недела покажа слични приходи. Сите три компании забележаа импресивен раст со забрзување на производството на машини и изведување на нови видови тестови.

„Abbott Laboratories Inc.“ има 881 милиони долари приходи од тестовите за корона и тие учествуваа со 10 проценти во вкупната продажба на компанијата во третиот квартал. „ThermoFisher Scientific Inc.“ заработи дури 2 милијарди долари, во споредба со 1,3 милијарди долари во вториот квартал на 2020 година.

Компанијата за молекуларна дијагностика „Roche Holding AG“ повеќе од двојно ги зголеми своите приходи во третиот квартал, во споредба со истиот период во 2019 година. „Abbott Laboratories Inc.“ верува дека ќе постигне уште подобар резултат во четвртиот квартал, кој се движи од 1,3 до 1,4 милијарди долари.

Исто така, сите компании велат дека побарувачката за тестови ќе остане силна и во 2021 година.

loading...

Слични содржини