Промените со возраста, хормоналните промени , изложувањето на сонце, генетската предиспозиција и слично, се најчестите причини за појавата на пигментни дамки на кожата.4b7c068fe6ebefc9e4692358d6c9cdb5

Додека некои исчезнуваат со текот на времето, други стануваат уште повидливи, особено во летните месеци, кога не сме нанеле врз кожата козметика со заштитен филтер.

Покрај понудените производи во аптеките има и природни средства кои успешно можат да ви помогнат да го вратите рамномерно тенот на кожата. Зачувајте ги овие природни рецепти за грижа, за кожа без пигментни дамки.

Паста од магдонос

Ставете во кујнски блендер свежи листови од магданос (претходно измиени). Додадете им неколку капки вода и изблендирајте ги во паста. Добиената смеса се нанесува врз проблематичните зони и се остава да делува 15 минути.
Оваа грижа е погодна и за кожа склона кон формирање на акни . Откако ќе ја исплакнете маската, доколку е потребно нанесете хидратантна крема.

Маска со магдонос и павлака

Оваа маска е погодна не само за отстранување на пигментните дамки, но и за негување на сува кожа. Ливчињата магдонос се мелат на паста и кон нив се додава павлака.

Состојките се мешаат добро и маската се става на исчистена кожа за 15-20 минути. Потоа се плакне со вода.

Лушпа од кора од лимон

Потребни ви се 1-2 лимона. Ставете ги во 600 мл вода и варете околу 10-15 минути на тивок оган. Со добиената напивка истријте ги пигментните дамки по 3 пати на ден.

Слични содржини