3 најлоши видови на ПОЈАДОЦИ што треба да ги ИЗБЕГНУВАТЕ

од Vladimir Zorba

Појадокот е многу здрав оброк – може или да ви го разубави денот или да ви го наруши. Со него го придвижуваме организмот и го подготвуваме за напорните часови што ни претстојат.

Доколку сакате да го започнете денот вкусно и здраво и да му дадете енергија на телото, избегнувајте ги овие три вида појадок.

1. Овошни сокови и јогурти

Иако пишува дека се сто проценти природни, купените овошни сокови се полни со шеќер и адитиви. Овој вид на пијалок ќе ви даде енергија во моментот, но и многу брзо ќе ви ја одземе. Исто така, купените сокови немаат голема хранлива вредност. Наместо тоа, посегнете по вистинското овошје кое содржи и влакна потребни за регулирање на варењето и збогатете го со лажица житарки. Истото важи и за овошните јогурти, затоа изберете незасладен пробиотик збогатен со парче тост леб и џем.

2. Пекарски производи

Пецивата, крофните и вкусните кифлички кои ги купуваме во пекара се многу вкусни и заситувачки, но и овие производи често содржат големи количини на адитиви, сол и шеќер, што не е добра комбинација за почеток на денот. Солените пецива ја задржуваат водата во организмот, а лиснатото тесто е мрсно, тешко сварливо и сиромашно со нутритивни вредности кои на вашето тело очајно му се потребни за нормална работа. Ако сакате да јадете пецива наутро, изберете такво од цели зрна и премачкајте го со млечен намаз или путер и џем.

3. „Ѕидарски“ појадок

Овој тип на појадок вклучува мрсна, тешка и висококалорична храна како што се пржени јајца, бел леб или мрсна салама зачинета со мајонез или слични намази. Освен ако не работите напорна физичка работа, на вашето тело навистина не му е потребен ваков појадок и ќе го вари долго и напорно. Големи количини на нездрави масти ќе завршат во форма на масно ткиво, а вашето тело нема да ги добие сите витамини, минерали и влакна што му се потребни. Ако сакате да јадете јајца наутро, најдобро би било да го сварите и да го комбинирате со парче тост и чај.

Слични содржини