По новогодишната ноќ и најлудата ноќ, многумина се будат мамурни, со интензивни главоболки и стомачни болки поради премногу алкохол во организмот.
Една од најлошите последици од пијанството е дехидрацијата и тоа е причината поради која имаме вртоглавици и главоболки по бурната ноќ.
За среќа, мајката природа и овојпат се погрижи да го ублажи мамурлакот.
За третман на мамурлак, најдобро е да се консумира одреден вид на храна што ќе предизвика детоксикација.
И секако, покрај конзумирањето на овие намирници, многу е важно да пиете многу течности.
1. Банани
Калиумот и магнезиумот се минерали кои се алармантно штетни за алкохолот во организмот. Затоа, бананите, богати со овие минерали, се одличен начин за нивно обновување. Бананата помага и за смирување на желудникот и го намалува чувството на надуеност.
2. Овесна каша
Еден сад со топла овесна каша ни дава основни хранливи материи како што се калциум, магнезиум и железо.
Одредени алкохолни пијалоци можат да предизвикаат премногу киселина во телото, а токму тоа ќе го поправи овесот.
3. Ѓумбир
Ѓумбирот помага при мачнини и стомачни проблеми предизвикани од алкохол. Најдобро е да го консумирате во природна форма, но доколку вкусот ви е прејак, можете да го изрендате во топла вода или овошен сок.