3 нешта кај една жена, што им здосадуваат на мажите

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Романтичните односи не допираат само до сексот. Ако ни е досадно со партнерот, работите тешко ќе се успешни. 

На повеќето од нас веројатно ни се случило – на средба сме и нема за што да зборуваме. Тој / таа гледа во својот телефон, во менито, во чашата за вино – насекаде, но не и кон нас. А кога конечно ќе проговори, не кажува ништо. Тоа сепак не се единствените ситуации кои можат да се дефинираат како “здодевни”.

Многу мажи имаат силно чувство за она што ги прави жените здодевни, и ако го почувствуваат во својата партнерка, најверојатно ќе ги прекинат односите со неа. Еве што ги прави жените здодевни според самите мажи.

1. Не пробува нови работи

“Мојата девиза е да откривам, да учам и да го чувствувам животот. Сакам да научам нешто ново, без разлика колку маргинално е тоа. Затоа жената која никогаш не отстапува од секојдневната рутина, ме заморува.

Ми се допаѓа широко скроени жени кои сакаат да се предизвикаат себеси и мене во откривањето на нови нешта на интелектуално, социјално, културно и сексуално ниво. Некој кој мисли дека знае сè и нема интерес да го прошири својот ум, ќе ми биде здодевен. ”

2. Таа ми ја копира личноста 

“Тоа значи дека таа ја презема вашата личност, желби и интереси. Ако сакав да се запознаам со себе, немаше да одам на средба со други. ”

3. Сака да поминува време само со мене

“Иронично, она што за мене ги прави жените здодевни, е нивната желба да поминуваат време со мене и да ги правиме традиционалните нешта кои ги прават сите парови. Претпочитам жена која сака да поминува време со други луѓе, како кога сме заедно , така и без мене, и секогаш да се случува нешто интересно со неа. “