3 работи што мажите навистина ги сакаат за време на сексот

од Vladimir Zorba

Сите ние имаме многу различни идеи за животот. Овие согледувања се однесуваат на секојдневниот живот, работата, но и сексуалниот живот. Затоа е важно да се најде сексуален партнер кој дели исти преференци и со кој меѓусебното почитување е на прво место. Сепак, постојат три работи кои ги сакаат сите мажи.

Отвореност

Од една страна, тука се работи за комуникација. Мажите сакаат жената да ги изразува своите желби и склоности за да можат и двајцата целосно да уживаат во својата страст. Од друга страна, се работи за отвореност кон новото и непознатото. Се разбира, не се зборува за надминување на сопствените граници и тоа треба да биде многу јасно.

Меѓутоа, зошто едноставно да не одговорите на предлогот или барањето на вашиот сексуален партнер и да го испробате, под услов тоа да не ви предизвика емоционална или физичка болка? После тоа, сепак можете сами да одлучите како се чувствувавте – можеби ве чека изненадување.

Автентичност

Автентичноста е неизмерно важна, а мажите ја ценат кога не се преправате, односно кога сте она што навистина сте. Ако се преправате и „глумите“, тоа може негативно да се одрази на вашиот сексуален живот.

Позитивно чувство кон телото

Полесно е да се каже од колку да се направи? Во секој случај, сепак, треба да бидете свесни дека мажите ценат одредена доза на самодоверба и дека не е забавно постојано да барате маани во себе. И онака веќе лежите еден до друг, па ваљда ви е јасно дека сте му „секси“. Концентрирајте се на навистина важните работи.

Слични содржини