3 работи за кои не вреди да се караме

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Често споровите и скандалите се случуваат не затоа што има нешто погрешно во врската, туку во самите нас. Без разлика дали сме во лошо расположение или сме имале напорен ден, некако изгледа сосема нормално да се скараме со партнерот, бидејќи ја оставил својата облека во аголот на пример. Таквото однесување сепак ни од далеку не е од корист за нашата врска.

За да се сакаме повеќе и да се караме помалку, експерти споделуваат за што не вреди да шири тензија меѓу себе…

1. Фрлањето на ѓубрето

Ова дефинитивно е меѓу непријатните домаќински обврски и на никого од двајцата не му е пријатно неговото спроведување. Тоа сепак треба да се заврши и најдобро да одредиме чија обврска е тоа, но за време на мирен разговор. Важно е сепак, ако ја пренесеме оваа обврска на партнерот, ние да ја преземеме грижата за нешто друго.

2. Несогласување во плановите

Кога партнерите нема да ги споделат своите планови, често настанува разминување меѓу нив – едниот решава да се види со пријателите, а другиот ја оставил вечерта слободна со идејата да ја поминат заедно.

Ако проблемот се појавува редовно, многу е важно да се дискутира. Најдобрата тактика е ако објасниме како се чувствуваме кога омилениот прави планови, без да споделува со нас. Можно е тој да не ја сфаќа својата постапка и последиците од неа.

3. Перењето

Најлесен начин да го решиме овој спор е ако се договориме секој да си ја пере својата облека. На овој начин не можеме да го критикуваме партнерот.

Ако имаме желба да ја испереме и неговата облека, нема проблем, но не и да создаваме тензии за такво нешто.