Оваа вест многу ќе ги израдува оние кои воопшто не се претерано физички активни.
Имено, едно истражување спроведено од професорот Казунори Носака од Универзитетот во Австралија во соработка со Универзитетот за здравје и благосостојба во Јапонија, успеа да покаже дека само три секунди вежбање дневно ќе го подобри вашето здравје и ќе го зајакне.
Студијата вклучи млади волонтери на кои им беше наложено да прават вежба за бицепс од три секунди два до три дена во неделата за еден месец. Она што го открија резултатите ќе ги израдува оние кои не се по вежбањето а тоа е дека има забележително подобрување на нивната сила.
– Нашата работа покажа дека редовното, пократко вежбање е покорисно од еден или два големи тренинзи неделно. Сега имаме појасна претстава каде е пресвртната точка каде што почнувате да гледате значајни придобивки од ваквото минимално вежбање – рекол докторот, пренесува „Експрес“.
Тој посочи дека се потребни повеќе студии за да се потврди тоа, но дека темелот на целата приказна е поставен.
Она што треба да се забележи и потсети е дека и најмалата физичка активност може да придонесе за подобрување на вашето тело, затоа почнете навреме да размислувате за вашето здравје.