Божикната ѕвезда е карактеристично собно ѕвеќе со прекрасни зелени и црвени листови, а го носи уште и името „цветот на Светата ноќ“.
Многу луѓе го имаат ова цвеќе дома, особено за време на празниците. Ако правилно го чувате, тогаш неговата убавина ќе потрае и долго после празниците. Имајте предвид дека е чувствително на промена на температурите.
Почитувајте ги следниве совети:
Најдобро место
Божикната ѕвезда сака сончева светлина, па чувајте ја покрај западните, источните и јужните прозорци. Избегнувајте ги северните, бидејќи на тој начин не добива доволно светлина. Исто, важно е да не биде изложена на директно сонце.
Температура
Божикната ѕвезда се чува на топло место, но не веднаш до извор на топлина, ниту пак покрај отворени прозорци. Оптимална температура е од 15-21 степени преку ден, а навечер од околу 12 степени.
Влажност и полевање
Секојдневно проверувајте дали почвата е доволно влажна. Полевајте ако е сува, а редовно прскајте ги и листовите со вода.