Во однос на историската комисија дали поминува низ официјални промени и што мисли како да се подобри дијалогот помеѓу Македонија – Бугарија во однос на истата, бугарскиот премиер Кирил Петков рече дека само со интензивна работа и заеднички цели може да се заврши работа.
– Денеска кога секоја група ги презентираше резултатите во историската комисија, со Димитар забележавме друго ниво на ентизијазам за работа, нов режим на работа. Ќе имаме три официјални средби следниве 4 месеци плус интензивна работа. Тоа што констатиравме денес за да се заврши работа се заеднички цели и заедничка конструктивна рамка. Професорите од двете страни покажаа дека се готови на овој нов начин и да се претвори во конструктивен тон. Ние нема да правиме кадрови промени. Новиот конструктивен тон и дијалог се конструктивни и тоа е она што ме израдува, изјави Петков.
М.А.