3 трикови за облека во која ќе изгледате мускулесто

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Во последните години манијата по салата завладеа со мажите.157e84bf3970bba62b7194f9b8da3985

Стегнатото и извајано тело дефинитивно е попривлечно за дамите, а им дава голема самодоверба на господата.

Не секој сепак може да се претвори во Херкулес, дури и да вложува напори. За среќа, изгледот може да биде лесно дооформен со соодветна облека.

Еве и 3 едноставни совети од модниот уредник на машкото списание Men’s Health, кои ќе ви помогнат да ги “измамите” оптички останатите и да изгледате стегнато и мускулесто.

1. Внимавајте со линијата на рамењата

Кога облекувате блуза, маица или кошула, гледајте линијата на споеви од јака до рамо да биде точно во средината. Ако таа се изместуваво предниот или задниот дел на облеката, тоа создава впечаток дека не можете да ја исполните облеката и дека таа не ви е по мерка.

2. Изберете го точниот материјал и големина

Многу мажи намерно облекуваат потесна облека, која се лепи по нивното тело и да ги истакнуваат формите. Нема ништо лошо ракавите на облеката да го следат вашиот бицепс како втора кожа, но не заборавајте дека помалиот број изгледа смешно во пределот на стомакот и половината (често облеката е пократка, а и се лепи настомакот и може да се фокусира на масното ткиво на стомако, ако имате таков вишок). Обложете се на помеки материјали – препорачливо памук, кој е со растегливост до 5%.

3. Соодветниот дезен е важен

Додека дамите се потпираат на вертикални ленти, за да ги стеснат оптички, вие изберете хоризонтален дезен, ако сакате да ги нагласите широките раменици.