Има луѓе кои понекогаш дури и несвесно ја „цицаат“ животната енергија од другите. Начинот на кој зборуваат и она што го кажуваат може да не повреди повеќе од физичките удари.
Ја „гризат“ душата со зборови, а еве ги тие зборови:
„Дали си глув? Дали си слеп?“
Тоа се зборови кои ви кажуваат дека сте неспособни, дека сте помалку важни од нив.. Личноста што ги кажува овие зборови е некој што не го цени соговорникот. Ваквите зборови го уништуваат човекот, а ако постојано ги слушаме, почнува да ни ја нарушува самодовербата.
Пцовки, пцовки, пцовки
Овие луѓе не можат да состават реченица без пцуење. Тие пцовки се вулгарни, оние кои навредуваат, оние кои прават да се чувствувате крајно непријатно… Овие луѓе користат пцовки за да го навредат и повредат соговорникот.
„Но, ти не знаеш како ми е…“
Овие луѓе го минимизираат секој наш проблем и го величаат нивниот. Ништо не може да ви се случи толку лошо како нив. Тие се водат по таква логика.
Пример: Една пријателка одлучи да и се довери на друга пријателка дека лошо и е на работа. Другата жена не ја ни слуша и веднаш ја свртува приказната на своја страна, кажувајќи и колку и е неа лошо и како проблемот на нејзината пријателка е неважен.
Што и да правите, не можете да ги промените овие луѓе, но она што можете да го направите е да се оддалечите што е можно подалеку од нив…