Домот е нашето место, нашата тврдина – таму каде што сме слободни да бидеме самите себе, без никакви инхибиции и грижи. И иако во повеќето случаи во него ја поминуваме само вечерта и дел од викендите, ова е местото каде што се одмораме и ни се полнат батериите.
Затоа е многу важно да се чувствуваме добро во својот дом и тој да ни ги обезбедува потребната удобност и практичност.
Како можеме да го преоткриеме целиот потенцијал на станот?
1. Големината на тепихот има значење
Ако сакаме собата да изгледа поголемо и префинето, треба да се обрне внимание на големината на тепихот. Да имаме на ум дека кога тој е мал, собата изгледа помала, а кога е голем, соодветно и собата изгледа поголема.
Препорачливо е предните ногарки на мебелот да ги поставиме врз килимот. Ако е можно, и целиот мебеч.
2. Прозорците не се ѕидови
Прозорците ја пропуштаат светлината во домот и не се место каде треба да го ставиме телевизорот. За него треба да најдеме ѕид до кој да го ставиме или да го тргнеме од собата. Еден телевизор дома е доволен.
3. Да додадеме кругови
Според експертите круговите го создаваат чувството на мекост и удобност во домот, па затоа е добро да ги користиме кога и каде можеме.
Тркалезна маса за јадење во квадратна трпезарија, тркалезна масичка, кружни огледала во ходникот, тркалезни садови за овошје или леб во кујната се прекрасни примери.