30 деца и бебиња пронајдени во куќа во Босна, биле купувани и продавани

од Milan1
92 прегледи

Полицијата уапси уште неколку лица поврзани со трговија со деца, откако во куќа во Брчко беа пронајдени 31 малолетник. Во моментов се утврдува нивниот идентитет, а некои од нив имале и хрватски пасоши.

Уште пет лица се уапсени под сомнение дека учествувале во трговија со деца, откако во куќа во градот Ивици, во близина на Брчко во Босна и Херцеговина, било пронајдено 31 дете, сите помали од 12 години. Најмалото имало само неколку месеци, пишува „Кликс“.

Претходно веќе беа уапсени три лица од Брчко, откако полицијата упаднала во куќата и пронашла деца кои наводно имале хрватски пасоши. Децата ги чувала жена, најверојатно италијанска државјанка. Меѓу уапсените се и еден судски полицаец и неговата мајка.

Планот на криминалната група за децата кои ги чувале во куќата е предмет на истрага, а нивната грижа ја презел Центарот за социјална работа.

„Истрагата е во тек и во наредните часови и денови ќе се знаат повеќе детали – дали осомничените имале помагачи и како е развиена мрежата. Исто така, ќе се утврдува и идентитетот на децата“, изјавил извор за српскиот портал „Блиц“.

Во меѓувреме, беа откриени нови детали за случајот кој го потресе регионот. Според неофицијални информации, случајот бил откриен кога 12-годишно девојче, кое исто така живеело во куќата, излегло на улица во придружба на две други деца. Медиумите пишуваат дека девојчето со себе го имало пасошот, како и дека тоа било родено во Барселона, Шпанија.

„Тоа му пришло на првиот минувач на кој наишло и побара помош. Луѓето веднаш го известиле Центарот за социјална работа и полицијата бидејќи девојчето не сакало да се врати во куќата, по што бил откриен хоророт“, изјавил добро информиран извор од истрагата. Тој додаде дека полицијата набрзо упаднала во куќата и ги пронашла децата – некои спиеле во креветчиња, а други седеле низ куќата.

Дел од медиумите објавија и дека некои родители наводно доброволно ги дале своите деца да се чуваат во куќата во Брчко, а за оваа услуга наводно на уапсениот му давале пари.

„Меѓу пронајдените деца има уште повеќе девојчиња отколку момчиња“, додава изворот на Блиц.

Слични содржини