Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, за стимулација на матичните лекари кои ќе постигнат 70% од вакцинација на своите пациенти, да бидат наградени со 30 денари по пациент.
-Имаше реакција од поголем број на матични лекари кои ја поддржуваат оваа мерка, сметаат дека е навистина добра, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче.
За претседателката на Здружението на матични лекари, Лилија Чолакова-Дервишова овој предлог е неприфатлив.
-Ние како фела дискутиравме во здружението, за нас новата мерка е неприфатлива.Во ниеден друг сектор во државата не се условуваат работниците, вели во разговр за „Локално“, д-р Чолакова-Дервишова.
Таа посочува дека владата ги има пакачено платите во јавното здравство, за обвинителите, професорите додека пак примарното здравство го третира како посинето.
-Педијатрите немаат шанси да добијат вакво нешто и лекарите кои имат пациенти со специфични болести како хашимото, каде вакцината има контраиндикации. Многу е лош предлогот и ние не го прифаќаме.Бараме од Владата сериозно да размисли и да ги прифати брањата кои ги доставиме.Ние веќе две години како што е почната пандемијата низ комуникација со нашите пациенти ги мотивираме и даваме совети за вакцините против ковид 19.Не доаѓа во предвид да ја срушиме довербата за 30 денари, смета Чолакова-Дервишова.
Според неделната споредбена статистика, опфатот со две дози вакцина кај вкупното население во земјава е 38,7%.