30 дневен притвор за пет лица вмешани во убиството на 25 годишниот турски државјанин

од Vladimir Zorba
284 прегледи

Судија на претходна постапка од основниот суд во Штип на петмината државјани од Република Турција, кои се инволвирани во убиство на 25 годишниот турскиот државјанин им одреди мерка притвор од 30 дена, информираше денеска судијата кривичар и воедно портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев. Осмоничените се спроведени во Затвор Куманово.

Синоќа полициски службеници во Основниот суд во Штип ги донесоа 21-годишниот К.К државјанин на Република Турција за кој постои сомнение дека го сторил убиството, потоа А.Х, Т.М., О.М, и А.О. на возраст од 21 до 29 години сите државјани на Република Турција поради сомнение дека му помагале на К.К да побегне од местото на убиството.

Убиството се случи на 8 мај во угостителски објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип, а во полиција е пријавено во 21.25 часот. По убиството сторителот со помош на уште четири лица се обидел да побегне, но во акција на полициски службеници од СВР Штип и СВР-Скопје се фатени и лишени од слобода.

Слични содржини