30-годишниот Тоше загина во дискотеката во Кочани – го славел раѓањето на своето дете

од Nikola Popovski
171 прегледи

Најмалку 59 млади лица на возраст од 14 до 24 години загинаа во пожар што ноќта меѓу саботата кон неделата избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а 155 се повредени. По повод трагедијата во кочанската дискотека, Владата одлучи во недела да прогласи седумдневна жалост, додека Владата на Србија донесе одлука вторник, 18 март да го прогласи за Ден на жалост во целата земја.

Тоше Богданов (30) е еден од 59-те лица кои загинаа во пожарот во споменатата дискотека. Неговите познаници сведочат дека излегол со пријателите да го прослави раѓањето на синот.

Богданов, кој е од Облешево, работел како автомеханичар и живеел со сопругата, која според неофицијални информации се породила пред неколку дена.

„Тоше доби син и излезе да го прослави раѓањето со пријателите. Сакаше да ги почасти пријателите и отиде во дискотеката, а сега го нема“, раскажал извор запознаен со случајот, пренесува „Дневник.хр“.

Државното Обвинителство соопшти дека ќе побара притвор за 10 лица, кои се сомничат дека се одговорни за трагедијата во Кочани. И поранешниот македонски министер за економија Крешник Бектеши беше на распит за можна поврзаност со пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во неделата вечерта. Наводно е вклучен во издавањето фалсификувана дозвола на сопствениците на ноќниот клуб.

Вкупно 47 лица од страшниот пожар се хоспитализирани во земјите од регионот, меѓу кои Грција, Бугарија, Србија, Хрватска и Турција.

Слични содржини