30 возила вршеле јавен превоз со неисправни сопирачки

од Nikola Popovski
567 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (23.02.2022) полициски службеници спроведоа акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што санкционирани се 57 возила.

Од нив, 30 поради неисправен уред за запирање, четири поради неисправен уред за управување, како и други видови неисправности. Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.