За прв пат по 147 години, линиските се ослободени од должноста на култен турнир.
„Вимблдон“ најави дека од следното лето вештачката интелигенција или програмата наречена „автоматска електронска контрола на линии“ ќе го преземе управувањето со натпреварите.
Тоа значи дека околу 300 линиски судии, кои работат во текот на две недели од натпреварувањето на тревните терени на „Ол Ингланд клуб““ практично останаа без работа. Дневниот додаток бил околу 180 фунти.
„Јастребовото око“, технологија која им овозможуваше на играчите да ги проверуваат одлуките на линиските, но и на главниот судија, беше воведена на „Вимблдон“ во 2007 година. Во меѓувреме, можностите се проширија, технологијата напредуваше, па „Вимблдон“ реши целосно да го исклучи човечкиот фактор.
Се покажа дека, сепак, компјутерот прави помалку грешки.