31 лице ја изгубија битката со коронавирусот

од Nikola Popovski
449 прегледи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, пријавено е вкупно 31 починато лице од Ковид-19.

Билансот по градови изнесува: 9 од Скопје (42г,64г,68г,68г,72г,73г,77г,77г,86г), 4 починати лица од Тетово (66г,73г,75г,78г), 3 починати лица од Велес (64г,72г,73 г), по 2 починати лица од Битола (43г,68г), Охрид (45г,87г), Струга (54г,64г) и Берово (43г,82г) и по 1 починато лице од Куманово (59г), Прилеп (70г), Кавадарци (82г), Кочани (63г), Радовиш(60г), Виница (67г) и Пробиштип(71г). Од починатите, 28 се во болнички, а 3 во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 726.409 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.814, бројката на оздравени пациенти е 134.653, на починати е 4.992, а бројот на активни случаи изнесува 13.169.

Слични содржини