33 годишен осуденик пронајден мртов во „Идризово“, телото дадено на обдукција

од Даниел Ѓорѓиевски
46 прегледи

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека синоќа, во 22:55 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ бил пронајден починат осуденикот З.М. (33) од Куманово.

По пријавата, на местото биле повикани медицински лица кои ја констатирале смртта. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта.

Надлежните служби спроведуваат истрага за да ги утврдат околностите под кои настанал смртниот случај. Дополнителни информации се очекуваат по завршувањето на обдукцијата.

Слични содржини