3.504 лица кои живеат во Македонија се изјасниле како Бугари, покажуваат денешните резултатит од спроведениот попис, кој се одржа помеѓу 5-ти и 30-ти септември минатата година.
Ако се спореди со претходниот попис од 2002 година, тогаш само 1.487 граѓани се попишале како Бугари.
Според резултатите што ги објави Државниот завод за статистика, вкупното население во земјава е 2.097.319 лица. Од нив, 54,21% се изјасниле како Македонци, 29,52% како Албанци, 3,98% како Турци, 2,34% како Роми, 1,18% како Срби, 0,87% како Бошњаци и 0,44% како Власи.
Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, рече дека резидентното население во земјава е 1.836.713, додека нерезидентното население изнесува 260.606.
Тој нагласи дека пописот е спроведен успешно и професионално.
-Тимот на Државниот завод за статистика покажа дека знае и може да биде една од најпрофесионалните институции во државата, рече Симовски и додаде дека податоците се обработени во рекордно време.