36-годишен затвореник од Скопје пронајден мртов во „Шутка“

од Илинка Илиоска
25 прегледи

Затвореник кој одлежувал казна во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари вчераутро бил пронајден мртов во неговата ќелија, соопшти МВР.

„Вчера во 08.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа „Затвор Скопје“ било пријавено дека во притворското одделение, во просторијата во која престојувал, бил пронајден починат осуденикот В.В.(36) од Скопје“, пишува во полицискиот билтен.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги од насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Слични содржини