„360 степени“: Џипот кој го вози Рашковски е во сопственост на еден од хонорарците во Владата

од Viktor Jovanov
718 прегледи

Џипот со кој беше виден екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски е во сопственост на еден од хонорарците во Владата, Игор Христов на кој авторските договори лично му ги потпишувал Рашковски. Џипот Волво го нема во анкетниот лист на Рашковски а се води на име фирмата на Христов „Г.Б.Ц. системи“, стои во прилогот на 360 степени кој денеска беше емитуван на Алсат ТВ.

Како што велат од 360 степени луксузното возило Волво веќе не е таму каде што првично било најдено. Како го стекнал и зошто не го пријавил , Рашковски не дал одговор на овие прашања на 360 степени.

ГБЦ системи, како што велат од 360 степени е фирма регистрирана за трговија на мало со аудио и видео опрема. Фирмата поправа компјутери и печатачи, а Игор Христов бил единствен газда. Според 360 степени, Рашковски го ангажирал како хонорарец за одржување компјутерски систем.

Игор Христов пак за 360 степени вели дека тој минатата година купил 2 идентични возила Волво а едното го дал на сопругата на Рашковски со кој како што вели Христов, се знаеле повеќе од 15 години.

-Рашковски нема никаква поврзаност ни со сопственичка, ниту со управувачка функција во мојата фирма, рекол Христов за 360 степени.

Слични содржини