361 санкции за брзо возење

од Vladimir Zorba

Во текот на вчерашниот ден (25.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 361 возач.

Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 199 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 162 надвор од населено место.

Слични содржини