Манекенката Криси Тајген, која имаше проблеми со алкохолот, ги извести фановите дека е трезна веќе една година и се чувствува добро.
Криси објави емотивно видео со нејзиниот сопруг Џон Леџенд и нивните деца, на кое се гледаат како посетуваат културни знаменитости.
Во описот на видеото, таа признава како се чувствува откако успеала да остане трезна една година.
-Ниту една капка алкохол за 365 дена! Понекогаш ми недостига чувството да бидам откачена и безгрижна, но да бидам искрена, кон крајот тоа веќе не ми го даваше тоа забавно чувство – објасни таа.
Манекенката изјавила дека „пиела за да ги реши проблемите“, иако забележала дека чувството на вознемиреност исчезнало кога престанала да пие минатата година.
-Во секој случај, се чувствувам многу добро, иако понекогаш многу се фрустрирам кога ќе се навратам на деновите на кои не се сеќавам поради алкохолот – напиша Криси.
Манекенката опиша некои моменти од својот живот на кои воопшто не се сеќава поради алкохолот.
-Пиев во кафуле и заспав додека готвачот во мојата куќа ги учеше моите пријатели како да направат расцутен кромид. Посакувам да бев будна тогаш – рекла таа.
-Посакувам да се сетам на која било церемонија на доделување награди. Има фотографии од големи моменти во мојот живот каде ми се чини дека ми исчезнаа очите – признала таа.
-Искрено, сè уште не знам дали некогаш повторно ќе пијам, знам дека никогаш повеќе не сакам да бидам таква. Лошите соништа ќе се обидам да ги решам со терапија, без алкохол – заврши Тејген.
По емотивната објава, пријателите и честитаа што може да остане присебна, а објавата брзо доби голем број лајкови.