Криси Тајген и Џон Леџенд ги обновија заветите на 10-годишнината од бракот

од Vladimir Zorba

Џон Леџенд и Криси Тајген се венчаа на 14 септември 2013 година на популарното езеро Комо во Италија, каде Амал и Џорџ Клуни поседуваат вила.

Десет години подоцна, тие решија уште еднаш да ги разменат своите свадбени завети на местото со посебни спомени. Тие ги спакуваа семејството и драгите пријатели во авион и отпатуваа до езерото Комо, каде се започна со бранч во Вила Пицо, токму таму каде што се венчаа во 2013 година.

Во вилата стигнале со брод, а потоа од балконот им се обратиле на гостите.

„Беше многу романтично. Пристигнаа со брод и сите не оставија без зборови колку се уште се среќни и заљубени“, рекол еден извор.

Двојката во текот на денот ги обновила заветите, а подоцна во вечерните часови Џон Леџенд одржал краток говор, а гостите уживале во добра музика, пијалоци послужени во барот покрај езерото, како и одлична храна. Според очевидци, се било полно со цвеќиња и педантно уредено.

37-годишната Тајген и 44-годишниот Леџенд се запознале во 2006 година на снимањето на неговиот спот за песната „Стерео“. Веќе на почетокот на врската Леџенд ја однел на езерото Комо, каде манекенката сфатила дека сака да се омажи за него таму. Оттогаш, одвреме-навреме парот се враќа на езерото Комо за да буди спомени.

Во декември 2011 година Леџенд ја запроси, а на 10 септември 2013 година се венчаа во градското собрание на Њујорк, а четири дена подоцна ги кажаа заветите во Италија.

Денеска имаат четири деца – Луна Симон (7), Мајлс Теодор (5), деветмесечната Ести Максин и двомесечниот Рен Александар.

Слични содржини