Политичката криза и спроведувањето на пржинскиот договор се очекува да бидат во фокусот на агендата на американскиот заменик – помошник државен секретар Хојт Брајан Ји кој утре се очекува да пристигне во Македонија и се очекува да разговара со претставници на државниот врв. 
Минатата година Ји ја посети Македонија на 17 и 18 април, а по средбата со тогашниот премиерт Никола Груевски, тој ја повика Владата и нејзините институции , многу сериозно да ги земат предвид обвинувањата за злоупотреби на службената должност и за можното незаконско однесување. Неделава Ји доаѓа во услови кога Специјалното обвинителство се соочува со опструкции, а граѓани секојдневно протестираат пред Уставниот суд поради одлука да поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за помилување.
Доналд Туск во Македонија
Денеска попладне во Скопје е претседателот на ЕУ, Доналд Туск, и не се очекува ненкаков посериозен ангажман од претседателот на Европскиот совет околу политичката криза. Особено не поради нивните приоритети , и откако минатата недела тројцата европоратеници кои посредеуваа во создавањето на пржинскиот договор, Ричард Ховит Иво Вајгл и Едвард Кукан, остварија средби со политичките лидери, во обид за одблокирање на имплементацијата на договореното за излез од кризата