На интернет се појави нова 3Д анимација која детално ја прикажува имплозијата која ја доживеала подморницата „Титан“ во Атлантскиот Океан.
На интернет се појави најновата 3Д анимација на која се гледа имплозијата на подморницата „Титан“ која исчезна во длабочините на Атлантскиот Океан, пишува „Дејли мејл“.
Видеото се појави на каналот на YouTube „AiTelly“ и за 12 дена оваа анимација е прегледана повеќе од 6,3 милиони пати.
На видеото јасно се гледа, со детални објаснувања, како дошло до експлозијата на подморницата, чија екипа била на пат кон потонатиот брод Титаник.
„Титан“ исчезна на длабочина од околу 3,8 километри.