На официјалниот сајт на Министерството за одбрана на Русија од денеска проработи виртуелната 3D-екскурзија во воената база на Северната флота “Арктичка детелина”, изградена за војниците на остров Александра во архипелагот Земја на Франц Јосиф, пренесе Лента.ру.

“Арктичка детелина” е единствениот во светот објект со цврста градба, изградена на 80-тиот степен северна географска ширина. Базата, која е во форма на три зрака се состои од бројни објекти со посебна намена, премини за управување, гаражи, магацини и автономен енергетски блок.
Таа е целосно автономна и обезбедува удобен живот на 150 војници во текот на една и пол година. Вкупната површина на комплексот е 14.000 кв.м. Посетителите на сајтот на руското воено министерство ќе можат виртуелно да се прошетаат по секој од четирите ката и да се запознаат со условите за живот и работа на персоналот.
Ваквата прошетка во базата на руската Северна флота можете да ја видите тука