Нашите родители се наши први модели во животот.
Се разбира, тие секогаш ни мислат добро, но не и сè што тие нè учат како деца може да ни биде корисно во возрасниот свет. Еве кои совети најчесто се бескорисни:
1. Изберете ја вашата околина внимателно
Многу често нашите родители нè учат да комуницираме и да се дружиме со одреден тип луѓе – да имаат слично на нашето потекло, да се паметни, да не се просечни, да се од добри, здрави семејства, да се со мирен темперамент, за да не нè вовлекуваат во неволји и т. н. Всушност така тие, без да сфаќаат ни создаваат предрасуди. Вистината е дека човек со возраста разбира дека може да има различни пријатели, а најважен услов е тие да му бидат лојални.
2. Бидете претпазливи и не ризикувајте
Речиси сите родители треперат нешто лошо да не им се случи на нивните деца и без да сакаат им наметнуваат различни стравови уште во детството. Во желбата да го заштитат својот наследник од секакви беди, грешни решенија и лоши влијанија, нашите мајки и татковци ни ставаат ограничувања кои во животот на возрасните понекогаш ни попречуваат – токму кога треба да дејствуваме храбро, ние не смееме да ризикуваме.
3. Бракот го прави лицето поисполнето
Повеќето родители сонуваат да го видат своето пораснато дете со покрив над главата, и тие се згрозени од идејата дека нивниот син или ќерка можеби нема да имаат семејство или внуци. Се разбира, создавањето на семејство е една од основните вредности за повеќето луѓе, но не и за сите. Вистината е дека несреќниот брак може да го уништи животот на една личност. Во исто време, човек може да се чувствува исполнет и среќен со својот живот и без да создаде семејство. Тој може да ужива во успешна кариера, обожаватели, добри пријатели и блиски роднини кои исто така го исполнуваат неговиот живот.
4. Родителите се секогаш во право
Не сите родители што нè учат се секогаш во право, иако тврдат дека е така. Тие сигурно ќе се обидат да ни дадат најдобри можни совети за живот, но сепак треба да бидеме способни да донесуваме сопствени одлуки. Дури и понекогаш тие радикално да се разликуваат од “идеалното”, според нашата мајка и татко, сценарио.