4 минути интензивна физичка активност може да го преполови ризикот од срцев удар кај жените

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Само 4 минути дневна енергична физичка активност значително го намалува ризикот од срцев удар кај средовечните жени кои вообичаено не вежбаат. Ова го откри студија предводена од проф. Емануел Стаматакис, објави Универзитетот во Сиднеј.

– Откривме дека минимум 1,5 минути до просечно 4 минути интензивна физичка активност дневно, изведена во кратки рафали кои траат до една минута, е поврзана со подобрување на кардиоваскуларното здравје кај средовечните жени кои вообичаено не вежбаат – рече проф. Стаматикис.

Овие интензивни форми на вежбање се нарекуваат „интензивна повремена физичка активност“ (ВИЛПА). Бидејќи помалку од 20 отсто од средовечните луѓе редовно вежбаат, овие повремени вежби би можеле да бидат добра алтернатива, според студијата објавена во British Journal of Sports Medicine.

– Ако овие кратки налети на интензивна физичка активност станат секојдневна навика, тоа е ветувачко за жените кои не сакаат или не можат редовно да вежбаат. За почеток, тоа би можело да биде вклучување, во текот на денот, на едноставни активности од по неколку минути, како што се качување по скали, одење по угорницата, носење работи од продавница, играње со деца – рече проф. Стаматакис.

Студијата користела податоци од 22.368 луѓе (13.018 жени и 9.350 мажи) на возраст од 40 до 79 години кои вообичаено не се занимаваат со спорт. Податоците беа земени од Биобанката на Обединетото Кралство, каде што учесниците беа следени 24/7 од 2013 до 2015 година.

Кардиоваскуларното здравје беше следено преку болничка или смртна евиденција, која следеше случаи на срцев удар, мозочен удар или срцева слабост.

Податоците покажаа дека дури и 1,2 до 1,6 минути активност дневно го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни проблеми кај жените за 30 проценти. Кај мажите придобивките се помали, дури и оние кои вежбале 5,6 минути дневно го намалиле ризикот за само 16 проценти.

Слични содржини