4 најважни витамини и минерали за зајакнување на имунитетот кои ќе ви бидат потребни

од Vladimir Zorba
524 прегледи

Сезоната на грип и настинки значи дека треба да имаме при рака витамин Ц, а како што пандемијата продолжува, здравјето на имунитетот останува приоритет.

Имунолошкиот систем се однесува на цела армија од клетки, хемикалии и процеси кои неуморно работат за да го заштитат нашето тело од странски напаѓачи.

Доколку барате помош за вашиот имунитет во витамини, минерали и суплементи, задолжително направете го тоа, а проф. д-р. Џон Мафи вели дека во овој случај е важно да се изберат вистинските и додава: „Иако е тешко директно да се измери состојбата на имунитетот, информациите за тоа колку често сте имале грип и настинки и колку долго траеле, може да помогнат“.

Еве список на витамини и додатоци за кои е докажано дека имаат корист за вашиот имунитет:

1. Пробиотици

Бактериите во дигестивниот систем може да се поделат на „корисни“ бактерии, т.е. пробиотици и „штетни“ бактерии. „Корисни“ бактерии т.е. пробиотиците ни помагаат на многу начини: од варење на храната што ја јадеме, преку спречување на растот на штетните бактерии (се натпреваруваат со нив за место и храна) до севкупно позитивно влијание врз нашиот имунолошки систем. Така, пробиотиците се нарекуваат и бактерии на млечна киселина, тие се живи микроорганизми кои, кога се консумираат во вистинска количина, имаат корисни ефекти врз здравјето на домаќинот.

Со оглед на тоа што позитивно делуваат на варењето, позитивно делуваат и на имунолошкиот систем. Спречувајќи ја колонизацијата на патогени микроорганизми во цревата, тие позитивно влијаат на цревниот имунолошки систем, кој е одговорен за дури 70-80 проценти од нашиот имунолошки одговор. „Проботиците можат да ги намалат шансите за настинка“, додава др. Мафи.

Каде да ги најдете: Јогурт, кефир, зелка…

2. Цинк

Цинкот е неопходен за правилен раст и размножување на клетките вклучени во имунолошките реакции. Ако се земе на самиот почеток на настинката, може да го скрати нејзиното времетраење, вели др. Мафи, иако има одредени нејаснотии во достапните податоци. Други лекари истакнаа дека треба да се биде внимателен кога се користи цинк бидејќи може да донесе несакани ефекти како гадење и дијареа, особено ако се зема на празен стомак. Тие додаваат дека треба да се избегнуваат назални спрејови кои содржат цинк бидејќи можат да предизвикаат неповратно губење на мирисот.

Кога се зема правилно, може да помогне за здравјето на имунолошкиот систем: кога вирусот ќе влезе во крвотокот, цинкот продира во оштетената клетка и го спречува ширењето на инфекцијата.

Каде да го најдете: Еден од најдобрите извори на цинк во човечката исхрана е црвеното месо. Конзумирањето на околу 100 грама црвено месо може да задоволи дури 25 отсто од вкупните дневни потреби за цинк. Спанаќот, ракчињата, гравот, карфиолот и семките од лен се исто така одлични извори на цинк.

3. Витамин Ц

Овој витамин го подобрува производството на Б-лимфоцитите и го спречува влошувањето на Т-лимфоцитните клетки, а тоа се важни антитела клетки кои се одговорни за откривање и борба против вирусите во телото.

Витаминот Ц е проследен со бројни позитивни приказни поради неговото влијание врз настинките, но др. Мафи истакнува дека неговото влијание е послабо отколку што мислите. Се покажа дека го скратува времетраењето на настинката кога се зема редовно и може да помогне во имунитетот, но истражувањата покажуваат дека овој витамин не е толку ефикасен во спречувањето на настинки кај општата популација. Со сите горенаведени критики, експертите сепак ќе заклучат дека витаминот Ц го скратува времетраењето на настинката, доколку се користи редовно, и нејзините симптоми.

Каде да го најдете: цитрусните овошја како портокали, грејпфрут и лимони содржат големи количини на витамин Ц. Други извори може да бидат брокулата и кељот.

4. Витамин Д

Витаминот Д е посебен витамин бидејќи се формира кога кожата е изложена на сонце. Иако примарната функција на овој витамин е да ги зајакне и да има корист од мускулите и да се бори против стресот и анксиозноста, тој исто така го штити имунолошкиот систем. Кога сме болни, овој витамин му помага на телото да произведе антимикробни пептиди кои ќе го спречат развојот на штетни бактерии, микроби и вируси. Исто така е важен бидејќи ја регулира работата на Т-клетките. Според анализата на студиите, витаминот Д во форма на додаток ќе го намали ризикот од развој на настинки и грип.

Каде да го најдете: Витаминот Д се апсорбира преку сонцето, па најдобар начин да го добиете овој витамин е да бидете изложени на сончеви зраци. Можете да го најдете во печурките, лососот…

Слични содржини