4 намирници богати со протеини кои промовираат слабеење

од Vladimir Zorba
636 прегледи

ДИЕТИЧАРИТЕ нагласуваат дека фокусирањето на внесот на протеини навистина може да им помогне на луѓето кои се обидуваат да ослабат и не знаат како да ја планираат исхраната.

Според „Тајмс оф Индија“, исхраната богата со протеини создава чувство на ситост, што го намалува вкупниот внес на калории и го спречува прејадувањето.

Затоа, конзумирањето на храна со висока содржина на протеини буквално помага во губење на тежината.

Како што објаснуваат експертите, дури 25 до 30 отсто од дневните калории треба да потекнуваат од извори на протеини. Понатаму, кога станува збор за протеините, тие препорачуваат таканаречени протеини со малку маснотии, кои имаат најдобар ефект врз слабеењето, односно ослободување од вишокот килограми.

Токму затоа диететичарите истакнуваат четири намирници кои според нив најдобро го поттикнуваат слабеењето кај луѓето.

Тоа се:

* јајца
* грчки јогурт
* пилешко
* лосос

Слични содржини