40-годишник земал 7650 евра преку измами со лажни лекари и сообраќајни несреќи

Лишен од слобода маж од ресенско, одреден му е притвор

од Nikola Popovski
18 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција, РЦГР Запад и РЦГР Југ до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против В.П.(40)  од с. Стење, ресенско, а со престој во Битола и против непознато лице, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело по чл. 247 ст.1 од КЗ „измама “.

На 05.02.2026 околу 11:30 часот во Битола, пријавените со цел за себе да прибават противправна имотна корист, довеле во заблуда 72-годишна битолчанка така што на нејзиниот мобилен телефон и се јавил второпријавениот и кажал дека нејзината снаа е тешко повредена и дека мора да даде пари и злато за да се направи операција. По кратко време, второпријавениот дошол во домот на пријавителката и таа му дала една златна огрлица и едно златно ланче со привезоци. Со стореното кривично дело пријавените се стекнале со имотна корист од околу 40.000 денари.

Исто така, на 06.02.2026 околу 09.30 часот во близина на Саат кулата во Битола, пријавените довеле во заблуда 76 -годишна битолчанка и нејзиниот сопруг. Второпријавениот се јавил на телефонскиот број на оштетената и се претставил како доктор од охридска болница и рекол дека нејзината внука е тешко повредена и мора да даде пари за да се направи операција. Оштетените, според договореното, отишле кај Саат кулата во Битола и му дале 7000 евра на првопријавениот.

По добиените пријави, од страна на полициски службеници преземени се мерки и активности за расчистување на случаите. Извршени се претреси на повеќе локации кои ги користи провопријавениот, при што пронајдени биле предмети кои потекнуваат од кривичното дело, по што В.П. е лишен од слобода, поднесена е кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Се преземаат мерки за пронаоѓање и на второпријавеното лице.