Племето, во коe жената има по неколку мажи

од desk3
121 прегледи

12-годишниот Сонам ​​не личи на никој друг свој врсник во светот.

Тој нема мобилен телефон, не се вози во автомобил … и не користи пари.

655-402-nomadi-himalaite

Момчето е меѓу последните преостанати номадите кои живеат на тибетско-индиската граница и живеат според традиции пренесени од векови.

Фотографот Кит Винтон решил да го запознае животот во племето Чанг Танг и да ги покаже на светот последните преостанати слични луѓе.

Најмногу импресиониран е од силата и волјата на Сонам ​​кој го поминува своето време во тоа да бара храна за стадата на семејството низ суровите, снежни планини во областа.

Роден во семејството на номадите кои живеат високо на Хималаите, Сонам ​​не познава друг живот, освен оној на кој е навикнат. Очајно се обидува да живее во еден суров свет во кој секојдневната борба за опстанок е најважна.

Терористички напади и многумилионски протести за 1мај го дрмаат светот

Животот им е проткаен со нивните овци и кози. Токму од нив добиваат кожи за облека, млеко за пиење и месо за храна. Немаат пари и не купуваат ништо. Се си прават сами:

“Она што е навистина е забележливо во оваа долга и трагична сага е отпорноста на луѓето, бескомпромисната сила на нивната вера и решителноста им да преживеат”, раскажува Винтон пред “Дејли Меил”. Изданието ги покажа и најубавите слики од таму.

Највредното нешто на семејството е стара машина за шиење, благодарение на која шие облека. Децата не одат на училиште.

За време на престојот таму фотографот разбрал дека една традиционална локална жена може да има повеќе од еден сопружник.

До соживот од сличен тип доаѓа заради суровите услови на живот во селото и потребата на жените да добијат помош за секојдневниот живот.

Видете во галеријата дел од битови на номадите во Хималаите: