223
Во текот на вчерашниот ден (21.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 413 возачи.
Од нив, 33 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 226 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 187 надвор од населено место.