Во текот на вчерашниот ден, на Крит се истоварија 418 мигранти, кои биле прифатени од крајбрежната стража, во нов бран на миграција од Африка, првенствено Либија, кон Грција и ЕУ“, пишува „Катимерини“.
Мигрантите пристигнале на Гавдос и по должината на јужниот брег на Крит, каде што пристигнале со брод, а откако привремено биле сместени во Ханија, се очекува постепено да бидат преместени во центри за прием на мигранти во внатрешноста на Грција.
Како што беше најавено, синоќа со ферибот до Атина требаше да бидат префрлени околу 190 лица, кои ќе бидат префрлени во прифатниот центар Малакас за да ги поминат потребните процедури.
Од почетокот на годината, на Крит се спроведени 65 спасувачки операции во кои се спасувале мигранти, што веќе го надмина вкупниот број на вакви операции минатата година, кога имаше 63.
Оваа година, на Крит веќе пристигнале 3.147 мигранти, додека минатата година биле регистрирани вкупно 3.020 мигранти.