Во автобусот што се преврте кај Крива Паланка патувале 42 лица, иако на листа се воделе 43-ца. Патниците биле наставниците од Националната финансиско-стопанска гимназија во Софија. Тие биле на семинар во Охрид, а туроператорската агенција е од Варна.
Шестмина од патниците се тешко повредени, а 20 се главно со гребаници и полесни повреди. Потешко настраданите сепак се надвор од опасност и се сместени во болницата во Крива Паланка.
Венцислав Галабов, еден од патниците во автобусот, соопшти дека нема опасност за животот на никој од повредените.
Петмината Бугари повредени потешко ќе останат за третман во локалната болница, соопшти градоначалникот на градот Арсенчо Алексовски. Останатите патници ќе се вратат уште денес во Бугарија, како веќе е испратен автобус кој ќе ги собере.
Венцислав Галабов раскажа уште дека автобусот се превртел на 30 километри од границата со Бугарија:
“Патувавме кон Софија, откако имавме проблем со првиот автобус, дојде втор автобус, кој требаше да не однесе. Непосредно пред границата автобусот излезе од патот и се преврте во долината. За среќа едно дрво беше нашиот спасител и Господ не задржи. Некои од колегите се со потешки повреди, но генерално сите се контактни “.
Инцидентот се случил околу 22.00 часот синоќа по локално време на патот Крива Паланка – Ванковци, околу село Љубенци.
Според полицијата од Крива Паланка 38-годишниот возач изгубил контрола и удрил во дрво.
