45-годишен од демирхисарско се обидел да ја запали куќата на татко му

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Четириесет и петгодишен човек од демирхисарско село е приведен откако прво ја оштетил, а потоа и се обидел да ја запали куќата на неговиот татко, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 12.16 часот, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар го привеле Н.Г.(45) од демирхисарско село затоа што претходно со остар предмет оштетил дел од куќата на неговито татко во селото, по што се обидел да предизвика пожар.

Слични содржини