45 Oпштини без гинеколог – расте смртноста од рак на грлото на матката

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Во 45 општини во Македонија нема ординација со матичен гинеколог, а во 20 општини нема доволен број на матични гинеколози, информираа од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, пренесува ТВ21.

stop_1

„Стапката на смртност од рак на грло на матка во Македонија бележи пораст од 1,5% на 100.000 жени во 2011 година на 4,1 проценти во 2014 година, само за споредба за споредба стапката на смртност од овој карцином во земјите на Европска Унија каде што има добро огранизирани програми на скрининг и рано откривање е само 1,2% случаи на 100.000 жени“, изјави Борјан Павловски.

Дарко Антиќ, од истото здружение, вели дека треба да не се усвојат предлог измените и дополнувањата на буџетот на РМ за 2016 година со кои се предлага намалување на буџетот на Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 4 милиони денари.

Целиот текст можете да го прочитате тука