468 новозаразени од 4295 тестирани

од Nikola Popovski

468 нови случаи на КОВИД-19 од вкупно 4.295 тестирања, покажуваат бројките на Институтот за јавно здравје.

Билансот по градови изнесува: Скопје – 227, Куманово – 41, Штип – 26, Велес и Охрид – по 23, Кавадарци – 16, Струмица – 13, Прилеп, Кочани и Крива Паланка – по 11, Битола – 8, Гевгелија, Свети Николе, и Радовиш – по 7, Тетово, Виница и Пробиштип – по 5, Струга – 4, Неготино, Ресен, и Валандово – по 3, Кичево, Кратово и Богданци – по 2, Гостивар, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1 .

Регистрирани сe 284 оздравени пациенти од: Скопје – 149,Куманово – 28, Кавадарци – 14, Велес – 13, Битола – 10, Шип – 9, Струмица, Кичево и Гостивар – по 7, Прилеп и Кочани – по 6,Свети Николе и Валандово – по5, Гевгелија, Виница и Кратово – по 3, Делчево и Неготино – по 2, Крива Паланка, Радовиш, Ресен, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.297.190 тестирањана Ковид-19.

 

Слични содржини