Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Оснвноto јаvно обвинителство, за определување мерка краткотраен притвор, а поврзано со убиството на малолетнатата Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, против три лица кои рано утрово беа спроведени во судот, донесе решнија со кои го прифати предлогот и на трите лица им определи мерка притвор од 48 часа, а заради постоење на основите од чл. 165 став 1 точка 1,2 и 3 односно опасност од бегство, влијание врз сведоци и страв дека ќе го повтори односно изврши ново кривично дело.
Мерката краткотраен притвор, по предлог на надлежниот обвинител, може да се продолжи или замени со други мерки за обезбедување присуство.
-Заради сензибилноста на настанот, разбирливиот јавниот интерес, но и пред истражната постапка која е сеуште во тек, како Кривичен суд апелираме за сите официјални информации поврзани со случајот, медиумите да се обратат до надлежниот Јавен обвинител, стои во соопштението.
Станува збор за осомничените Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски. За таткото на Вања засега нема изречено мерка за обезбедување на присуство во текот на истрагата. Скопјанецот Љупчо Палевски Палчо неофицијално е поврзан со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и тој е надвор од државата. Неофоцијално се наоѓа во Турција.