48 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, две лица приведени

од Stefanija Kuzmanovska
137 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (23.02.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, преглед на средношколци пред влегување во училишта, угостителски објекти и игри на среќа во непосредна близина на училиштата.

При контролата констатирани се три кривични дела од кои две по член 215 и 216 од Кривичниот законик. При преглед на патничко моторно возило Пежо со винички регистарски ознаки кај Б.Т.(21) и К.С.(24) двајцата од Виница биле пронајдени марихуана и таблети. Лицата се лишени од слобода и задржани за понатамошна постапка. Констатирано е и едно кривично дело по член 284-а бидејќи Р.М.(50) во Дебар возел такси возило без лиценца.

При контролата санкционирани се 48 возачи поради сторени сообраќајни прекршоци, од кои 12 за возење без возачка дозвола…

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, соопшти МВР.

Слични содржини