Есента е вистинско време за користење на нејзините плодови кои не само што добро делуваат на здравјето и подобрување на општата состојба на организмот, туку можат да помогнат и во губењето на вишокот килограми.
Постојат пет намирници кои се одлични сојузници за да ја доведете линијата во ред. Доколку ги користите почесто во исхраната, можете да се надевате дека лесно и здраво ќе ослабете.
1. Прокељ
Овој зеленчук е полн со влакна и витамини, богат е со хранливи материи и е одличен извор на антиоксиданси. Можете да го јадете печен како прилог со малку месо, на пареа или да направите интересен намаз за грицки.
2. Цимет
Утврдено е дека циметот има корисен ефект врз регулирањето на шеќерот во крвта и може да помогне во борбата против воспалението, но исто така е многу корисен за регулирање на телесната тежина. Додадете го во храна или пијалок и наскоро ќе го видите неговиот ефект во слабеењето.
3. Карфиол
Оваа супер храна има малку јаглехидрати, но затоа е богата со влакна и омега-3 киселини. Карфиолот е зеленчук кој е одличен сојузник во слабеењето, а од него можете да подготвите многу нискокалорични и вкусни јадења.
4. Семки од тиква
Хранливите семки од тиква потикнуваат губење на тежината. Имаат висока содржина на протеини и влакна, богати се со омега-3 масни киселини и триптофан, што го намалува стресот и ви помага да заспиете. Има многу причини да ги вклучите во вашата исхрана оваа есен.
5. Калинка
Семките од калинка се полни со влакна кои го помагаат варењето и го забрзуваат метаболизмот. Покрај тоа, калинката е одличен антиоксиданс.
Доколку оваа есен почесто консумирате овошје, голема е веројатноста дека ќе ја подобрите општата состојба на организмот, но и ќе се ослободите од вишокот килограми.