Премногу маснотии во стомакот се сметаат за многу опасни за здравјето на срцето, a покрај тоа, за многумина е најлош кошмар, бидејќи воопшто не изгледа привлечно.
Ако сте пробале сè и маснотиите во стомакот не паѓаат, можеби ги правите овие грешки.
Еве ги најчестите причини зошто се дебелеете:
1. Не знаете како да се справите со стресот
Можеби ви звучи како лага, но стресот предизвикува зголемување на телесната тежина. Сета оваа вознемиреност може да создаде вишок на кортизол, хормон кој го охрабрува телото да „складира“ маснотии. Обидете се да паузирате неколку минути по еден час работа, фокусирајте се на дишењето и опуштањето на телото.
2. Јадете погрешна храна
Јаглехидратите не треба целосно да се исфрлат од исхраната, но треба да се сведат на минимум. Ако имате маснотии во стомакот, јадете повеќе протеини и влакна што се наоѓаат во зеленчукот.
3. Пиeте повеќе алкохол од дозволеното
Сам по себе, алкохолот нема маснотии, но неговата апсорпција го забавува метаболизмот, што го прави голем непријател на луѓето кои се обидуваат да внимаваат на нивната линија.
4. Не сте доволно физички активни
Маснотиите во стомакот најефикасно се отстрануваат со правилна диета, но вежбите исто така можат значително да помогнат. Воведете кардио програма, најмалку 2 пати неделно и ќе забележите како килограмите исчезнуваат многу брзо.
5. Влеговте во периодот на менопауза
За време на менопаузата, метаболизмот на жените се забавува. Масни наслаги околу половината кај жени кои влегле во менопауза е одговор на организмот на пад на хормонот естроген. Во менопаузата, складирањето на масни наслаги од колковите се движи во областа на половината. Сепак, нема потреба да очајувате, ако јадете правилно и воведете физичка активност, маснотиите од овој дел од телото ќе исчезнат.