Услови за снег ќе има само на повисоките планински предели во западните делови на земјава., во пониските предели дожд.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ -5 Маврово и Пожаране,-4 Скопје Петровец., Куманово, Крушево, -3 Кр. Паланка, Тетово, -2 Скопје-З.Рид, Прилеп, Струмица, Берово, Крушево, -1 Лазарополе, Струга, 0 Штип, Гевгелија, Дојран, Битола,1 Охрид, Претор, 2 Дебар, 3 Д. Капија.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА Во поголемиот дел од земјава преовладува облачно и претежно тивко време со повремени врнежи од снег, само во југозападниот дел врнежите се од дожд.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Облачно со врнежи претежно од снег, во крајните јужни делови од дожд и снег. Обилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови на земјава, каде ке се формира или ќе се зголеми за околу 20 тина самтиметри нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Температурата ќе достигне од 1 до 5 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремен слаб снег и со слаб југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 3 степени Целзиусови.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Нашето подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови, кои ќе предизвикаат променливо облачно време со повремени врнежи претежно од дожд, наместа ќе бидат обилни.
Услови за снег ќе има само на повисоките планински предели во западните делови на земјава.