Вангелија Пандев Гуштерова или како што ја нарекуваа сите уште додека беше жива – баба Ванѓа е бугарската пророчица, чиј зборови секогаш нè потсетуваат за тоа зошто сме тука. Често забораваме за добрината, за малите гестови кон блиските и непознатите, за насмевката, за љубовта.
Денес сакаме да споделиме со вас 5 нејзини мудрости кои сигурно ќе го задржат доброто во вас и ќе ве потсетат да си го прикажувате почесто.
“Нема ништо пострашно од очајот. Тоа е најлошата болест. Нема лек за него – тој разјадува однатре.”
“За секој човек доаѓаат периоди на тешкотии – дури и за најбогатите, и за најсилните, затоа човек треба да биде смирен, за да ги надмине.”
“Кој краде, за здравје ќе плаче.”
“Не се плашете од болестите – имајте вера. И најздравиот ако нема вера, ќе умре.”
“Не гневете против страдањето што сте го преживеале. Страдањето е прочистувачко средство, како облека, која не е чиста, ако не се испере. “